Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева се заблагодари на сите граѓанин кои гласаа за кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова. Според Митева, ова е историски најголем одзив досега, собрани се над 28.000 потписи за помалку од 12 часа.
„Ова е најголемиот доказ и најточниот индикатор за тоа колкава е желбата и надежта на граѓаните за промени за подобра иднина. Но, ова за ВМРО-ДПМНЕ пред се е голема одговорност пред секој еден граѓанин. Имаме обврска пред секој еден од вас да ја оправдаме во целост Вашата поддршка!
Оваа бројка само ни потврдува дека мораме да останеме посветени на визијата за промени, за промени кои значат чесно и правично владеење, промени кои ќе значат подобар живот за граѓаните дома, промени кои значат враќање на достоинството на граѓаните и државата.
На Македонија и се потребни темелни реформи, а ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе ја оправда дадената поддршка од граѓаните.
Остануваме посветени на работа, креирање на најдобра понуда и испраќање на клучните пораките кои ќе ги презентираме пред граѓаните. Остануваме посветени на подготовка на најдобрата програма која во себе нуди огромни промени. Време е да ги поразиме, затоа што Важно е да избереме лидерство што носи промени!“ порача Митева.