(ВИДЕО) Миовски не запира – нов гол во шкотскиот шампионат за македонскиот голгетер

by Fokus

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски продолжува со голгетерската серија во дресот на шкотски Абердин. Најдобриот играч на шкотскиот тим го запиша 11-тиот погодок сезонава во шкотската Премиерлига.

На мечот со Данди, тој беше прецизен од белата точка во 31-та минута со што му донесе предност на својот тим од 1:0.

До крајот гостите успеаја да израмнат на 1-1 што беше конечен резултат на мечот.

По 21 одигран натпревар, Абердин е на осмата позиција со 24 бода.

Поврзани новости