475
Ангела Меркел доживеа непријатност за време на церемонијата во Берлин за пречек на новиот украински претседател Володимир Зеленскиј. На германската канцеларка и се слоши и почна да се тресе, но не сакаше да го прекине интонирањето на химните.
По завршување на интонирањето набрзина го помина црвениот тепих, ја поздрави гардата и оркестарот и влезе во зградата.
На прес конференцијата по средбата со Зеленскиј , Меркел изјави дека е добро и нема причина за загриженост.
-Од тој момент се напив најмалку три чаши вода , што очигледно ми била потребна, и сега сум многу подобро, изјави Меркел.