Машиновозачот успеал да запре воз кој се движел со 112 километри на час за да спаси тригодишно момче кое се нашло само на шините.
Детето било само и одело на само неколку метри од наелектризираниот метал во близина на станицата Таритаун, во Њујорк.
Машиновозачот притиснал на сопирачките додека возел со брзина од 112 километри на час.
Херојското спасување го снимила надзорна камера. На видеото се гледа возачот Маркус Хигинс како трча на шините откако возот застанал.
Според првичните информации, детето во тој момент било неконтактибилно.
– Итно, итно, мора да прекинете се, имаме мало дете на патеката – се слуша како вели тој.
Гледајќи дека детето не реагира на локомотивата што доаѓа, Хигинс притисна копче, исклучувајќи го напојувањето на шината.
По храброто спасување, Хигинс го качил момчето во воз и повторно го споил со неговата мајка и сестра.
Conductor stops moving train travelling at 112km/h to rescue little boy from the tracks – The Mirror https://t.co/FvV93W2rzs
— Erol-antony McKenzie (@erol_antz) April 29, 2023