638
Францускиот претседател Емануел Макрон ја пречека германската канцеларка Ангела Меркел во Елисејската палата во Париз, објави АФП.
Се очекува Макрон и Меркел да разговараат за актуелните теми како Брегзит и ситуацијата во Сирија, откако и двете земји донесоа одлука привремено да забранат извор на оружје во Турција.
Тема на разговор на работната вечера меѓу двајцата европски лидери ќе биде и проширувањето на ЕУ. Се очекува од Меркел да го убеди Макрон да ги омекне своите ставови кон доделувањето датум за почеток на преговори со Македонија и Албанија.