Јакупи за разговорот меѓу Шеќеринска и Бесими: Никој никогаш не влијаел на мене

by fokus

По објавениот прислушуван разговор каде се слуша гласот на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска која во 2013 година за време на локалните избори бара од вицепремиерот, Фатмир Бесими, членот на ДИК од ДУИ да гласа принципиелно, Бесими за ТВ 24 тврди дека не станувало збор за влијание и дека тој работата си ја вршел согласно законите.

-Не станува збор за влијание, туку за ова како што ви кажувам… Значи јас како вицепрермиер сум се залагал за процесите да одат согласно законите и така сум постапил. Не сум имал јас никакво директно влијание врз инстуитуциите, туку како вицепрермиер сум имал задолжение во институциите да следам реформи. Тоа е… Повеќе од тоа не можам да ви кажам – вели во телефонски разговор за ТВ 24, Фатмир Бесими.

Поранешниот член на ДИК, Субхи Јакупи, чие име се споменува во разговорот, вели дека не ја чул објавената аудио снимка, а во телефонски разговор за ТВ24 тврди дека никогаш никој не влијаел врз него како да гласа како член на ДИК.

Поврзани новости