(ВИДЕО) Македонци правеа свадба во Канбера, полицијата се фати на оро!

by Fokus

Македонци во Канбера правеле свадба викендов, а кога соседите повикале полиција поради гласната музика, гостите ги фатиле на оро полициските службеници. Видео снимка од настанот каде полицајците заедно со свадбарите играат оро е објавена на „Сиднеј Мацедониан”, заедно со појаснувањето за несекојдневната случка.

 

На крај на видеото, полицајците заминуваат со ракоплескање. Инаку, во Австралија по долгите карантини и ригорозните мерки за заштита од вирусот, изминатиот период се олеснети рестрикциите. Дозволени се свадби и забави на кои можат да присуствуваат до 300 лица, а до 30 лица можат истовремено да танцуваат на подиумот.

И по повод Денот на жената, Осми Март, во повеќе австралиски градови, наши иселенички имаа организирани забави со жива музика и оро. Од почетокот на пандемијата во Австралија се регистрирани 29.550 случаи на корона вирус, а починале 910 лица. Моментално се активни 2.190 случаи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости