Обвинение за струмичанец кој со 10 грама хероин бил фатен кај патарината Миладиновци

by Fokus 11:41
11:41

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 43-годишен струмичанец, кој се товари за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, на 2 април, на наплатната рампа Миладиновци кај Скопје, обвинетиот се возел како сопатник во автомобил Мерцедес, а кај себе неовластено за продажба држел 10,27 грама хероин. Дрогата, спакувана во две полиетиленски пакувања, ја пронашле овластени службени лица, кои веднаш ја одзеле.

- Advertisements -

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повтори делото, стои во соопштението.

Поврзани новости