Најмалку 13 лица се повредени во пожар што денеска уништи 14-катница во шпанскиот град Валенсија и се прошири во соседната зграда, соопштија властите.
Зградата има 138 домови во кои живеат околу 450 луѓе.
Пожарот што избувна претходно денеска создаде облак од густ чад и на пожарникарите им е многу тешко да се справуваат со огнената стихија.
За само половина час пламените јазици ја зафатија целата зграда која е изградена во 2008 година.
🇪🇸 | URGENTE:
Personas atrapadas en el enorme incendio en el edicio de 14 pisos en Valencia, España. pic.twitter.com/NtPsneNVbj— Diario HOY (@diariohoynet) February 22, 2024
На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа како луѓето скокаат преку тераси за да се обидат да избегаат од пожарот кој голта се пред нив.
Според првичните информации, повредени се и шест пожарникари. Температурата во зградата е толку висока што станало невозможно да се влезе во неа.
Засега нема информации за евентуални жртви.