Лидерите на седумте најбогати земји во светот, на Г7 самитот во замокот Елмау на Баварските Алпи се пошегуваа на сметка на рускиот претседател Владимир Путин.
На својот прв состанок од тридневниот самит, пред фоторепортерите, британскиот премиер Борис Џонсон ги праша колегите дали треба да ги соблечат јакните.
Канаѓанецот Џастин Трудо му одговори „да почекаат да заврши фотографирањето“.
Џонсон потоа низ смеа рече „мора да им покажеме на сите дека сме посилни од Путин“.
„Јавање со голи гради“, возврати Трудо.
„Јавањето е најдобро“, рече претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, а британскиот премиер Борис Џонсон ѝ воврати дека и „мора да ги покажат градите“.
Лидерите на Г7 разговараа за напорите за понатамошна изолација на Русија поради нејзината инвазија на Украина. Велика Британија, Канада, Јапонија и Соединетите држави најавија чекори за забрана на увоз на руско злато. Г7 ги вклучува и Франција, Италија и Германија.