Турската полиција насилно ја растури Парадата на гордоста и уапси 150 учесници

by Fokus

Турската полиција денеска насилно интервенираше на „Парадата на гордоста“ во Истанбул и уапси над 150 луѓе, вклучително и фоторепортерот на агенцијата Франс прес, јавија светските медиуми.

Уште пред да почне „Прајдот“, полицајци упаднаа во повеќе кафулиња во квартот Џигангир и приведуваа ЛГБТ-активисти и новинари. Според невладините организации, уапсени се најмалку 152-ца луѓе.

Како и години наназад, Парадата на гордоста беше официјално забранета од гувернерот на градот, но стотици учесници со знамиња во боите на виножитото сепак се собраа на улиците околу плоштадот Таксим, кој е целосно затворен за јавноста.

Поврзани новости