519
Британскиот крал Чарлс денеска во Бакингемската палата во Лондон го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски. Објавена е и снимка од средбата.
Кралот Чарлс му рекол на Зеленски дека му е мило што може да го угости, на што украинскиот лидер одговорил дека му е „голема чест да биде“ во Бакингемската палата.
„Сите бевме загрижени за вас и долго време размислувавме за вашата земја, не можам ни да ви опишам колку“, рекол Чарлс.
Фото: МКД