Македонија испраќа уште 36 припадници на Армијата и 32 лица од ДЗС во Турција

by Fokus

Владата  денеска донесе одлука за испраќање на дополнителна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ја погоди земјата, а однесе голем број жртви и предизвика сериозна материјална штета и во соседна Сирија.

Како што соопштија од владината прес-служба, на предлог на Министерството за одбрана донесена е одлука за испраќање на нови 36 припадници на Армијата на Република Северна Македонија, односно Батаљон за специјални операции кој ќе учествува во хуманитарната операција во Турција.

Покрај тоа, на владината седница е одлучено како помош за санирање на последиците од земјотресот да бидат испратени нови 32 лица од Дирекцијата за заштита и спасување – припадници на републичките сили за заштита и спасување.

 

Поврзани новости