(ВИДЕО) Ковачки: Системот „Безбеден град“ го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања на 24 и 25 ноември во Маџари и на 27 ноември кај хотелот „Александар Палас“

by Fokus

Оливер Спасовски е должен да и одговори на македонската јавност зошто на 4 декември за време на неговата прес-конференција, излажа дека возилото на Панче со кое е киднапирана Вања, не било регистрирано во системот на камери „Безбеден град“ пред 27 ноември, односно пред денот на убиството, рече денеска на прес-конфереција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

„Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, односно на 24 ноември во 6:30 на влезот во Скопје кај Маџари на мостот кај Агросервис? Дали возилото е забележано од камерите на „Безбеден град“ на истата локација и следниот ден, на 25 ноември во 21:15 часот? Дали возилото е забележано на камерите кобниот ден на 27 ноември во 7:42 наутро кај `Александар Палас` и Злокуќани и како е можно да тоа возило неконтролирано да помине низ најобезбедуваната локација во Македонија во тој момент, а можеби и во регионот поради непосредните подготовки на Советот на ОБСЕ“ рече Ковачки.

Поврзани новости