„Христијан Мицкоски е во друштво со дилер на дрога и оружје од Струга, приведен на 24.11.2023, како дел од организирана криминална група, која се занимавала со недозволена трговија со дрога и оружје“ рече на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.
Тој рече дека „со дрога беше фатен и истакна член на ДПМНЕ, соработник на Мицкоски од Пештани. Мицкоски го видовме во друштво како седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра“.
„Мицкоски е опкружен со радикали, лица фатени со кокаин, лица што се бават со недозволена трговија со дрога и оружје. ДПМНЕ повеќе не е политичка партија, туку прерасна во расад на криминални групи и гнездо на конзументи на дрога. Тие се опасност за сите особено за најмладите. Не е воопшто случајност што уапсени шверцери со дрога седат на иста маса со Мицкоски по кафеани“ рече пратеникот кој побара од Мицкоски да излезе пред јавноста и да одговори какви услуги користи од нив.