Папата заплака кога ја спомна Украина за време на молитва

by Фокус

Папата Франциско се скрши и заплака кога ги спомна страдањата на Украинците за време на традиционалната молитва во центарот на Рим.

Гласот на папата почна да трепери во моментот кога ги спомна Украинците и мораше да паузира околу 30 секунди, бидејќи не можеше да го достигне гласот.

Присутните, меѓу кои и градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери, кој бил веднаш до папата, аплаудирале кога сфатиле дека папата не може да зборува и кога виделе дека плаче.

Поврзани новости