938
Неколку стотини припадници на навивачката група „Комити“ се упатуваат кон Градскиот стадин во Скопје, каде фудбалскиот клуб Вардар ќе се соочи со најголемиот ривал – тетовска Шкендија.
Додека дефилираа низ скопските улици, „Комитите“ користеа експлозивна пиротехника чии детонации силно одекнуваа во центарот на градот.
Истовремено, покрај традиционалните извици и песни во знак на поддршка на својот клуб, како што можеше да се чуе, тие скандираа погрдни пароли на етничка основа, односно против Албанците.
Инаку, овие тензии, кои лесно може да прераснат и во инциденти, следуваат откако членовите на навивачката група „Шверцери“ ја демолираа свечената сала во МНТ, каде, при прославата на 3-тиот роденден, исто така, имаше националистички скандирања.