Богојески: ВМРО е во „Македонски концепт“, Мицкоски не е

by fokus

Промоторот на политичката платформа „Македонски концепт“, Петар Богојески вели дека концептот се темели на каузата на ВМРО, па оттука ВМРО-ДПМНЕ е дел од концептот. Но, не и партискиот претседател Христијан Мицкоски.

-Македонски концепт се темели на македонската кауза, каузата на ВМРО. Од тука, самото ВМРО ДПМНЕ е дел од тој концепт. Проблемот е во идеолошката разлика на лидерствата и крајната мисија. Јас и Мицкоски сме во иста партија. Само што идеолошки многу се разликуваме! Тој е социјалистот, а јас сум вмровецот во ВМРО ДПМНЕ! Одраз на неговиот социјализам е Обнова за Македонија! Одраз на мојот вмровизам е Македонски Концепт! Тоа е јасно како ден! Крајната мисија на Обнова за Македонија е реставрација на минатото. Крајната мисија на Македонски Концепт е тотална реформација на сегашноста и сосема поинаква иднина. Мицкоски е роб на минатото, јас на иднината, вели Богојески во изјава за Фокус.

На прашањето дали ќе излезат со свои листи на предвремените парламентарни избори, тој одговара:

-Доколку граѓаните побараат од нас алтернативна понуда од онаа на минатото и онаа на погрешниот пат, ние тоа ќе го почитуваме.

К.С.

 

Поврзани новости