Стара снимка на актуелниот украински претседател и поранешен актер, Володомир Зеленски, стана вистински хит на социјалните мрежи.
На снимката стои Зеленски на сцената и се шегува на сметка на рускиот претседател Владимир Путин, кој, пак, седи во публиката.
Бидејќи многумина на социјалните мрежи не ја разбрале шегата, рускиот новинар Слава Маламуд се обидел да го објасни контекстот.
Според него, за време на деведесеттите години во Русија имало наезда на верижни писма, а луѓето верувале дека таквото писмо ќе им донесе среќа само ако го препратат на други девет адреси.
-Путин неодамна добил писмо на кое пишува „преброј го своето население девет пати и ќе бидеш среќен“ – се пошегувал Зеленски.
Маламуд вели дека Зеленски со ова сакал да го „чепне“ Путин за тогашниот пад на бројот на населението во Русија, но и да имплицира дека Путин ќе остане на власт засекогаш.
Early 2000s. “KVN”, the famous Russian comedy competition TV show.
Volodymyr Zelensky, the captian of team “Block 95” from his native Kryvy Rih, makes a mild joke at Putin’s expense. https://t.co/YQenIctcY8— Slava Malamud 🇺🇦 (@SlavaMalamud) March 26, 2022