335
Доцна синоќа комбе преполно со мигранти бегајќи од полиција пропадна во ископан канал во Велес. Во сообраќајната несреќа повредени се 11-годишно дете и неговиот татко кои биле во комбето.
Инцидентот се случи на раскопана улица помеѓу велешкиот Суд и хотел „Интернационал“. Возачот и совозачот се фатени и приведени.
Полицијата заедно со припадниците на ЕУЛЕКС го следеле комбето уште од македонско-грчката граница.