Додека врне надвор, врне и во Државниот архив на Македонија. Покривот на новата барокна зграда протекува, поради што документите се загрозени додека трае топењето на снеговите и првите пролетни дождови.
Архивистите наместо да ги вршат своите работни задачи, мораат да ја собираат водата во архивот, а кофите се преполни и претекуваат. Велат дека најголем проблем е влагата, која може да ги нагриза документите стари и по неколку века.
Наспроти тоа Владата трома околу изнаоѓање на решение за проблемот. Изминативе месеци архивистите апелираа, укажуваа, бараа да се вратат во старата наменска зграда, изградена во време на социјализмот, но Владата се уште не донела одлука.
Неофицијално проблемот треба како точка да се најде на утрешната владина седница. Понудени ќе бидат неколку решенија, меѓу кои и изградба на нова зграда. Но од Владата велат дека тоа не е дефинитивно. Дали министрите утре ќе разговараат за Архивот ќе се знае денеска откако ќе биде подготвен дневниот ред, велат од таму.
Se po staro si tece voda vo Arhivot
Publiée par Frosina Gjurcevska sur Lundi 26 mars 2018