526
Во судирите во Косово меѓу српското население и припадниците на КФОР и косовските безбедносни сили повредени биле повеќе од 50 лица, а едно лице се бори за живот.
Повредени се и припадници на КФОР, кој прво со преговори, а потоа и со влечење, солзавец и гумени куршуми се обидоа да ги отстранат блокадите на локалните Срби кои со жив штит се обидоа да ги спречат да пристигнат на работа новоизбраните градоначалници-Албанци во општините со мнозинско српско население.
КФОР имаа и задача да ги извлечат припадниците на косовските специјални сили РОСУ кои беа заглавени во неколку оклопни возила со кои денеска стигнале во Звечан за да асистираат новиот градоначалник мирно да ја преземе функцијата.
View this post on Instagram