333
Имам убава приказна да им кажам на министрите за оптимистичкиот момент на Македонија, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров при пристигнувањето на неформалниот министерски состанок во Талин, Естонија.
– Се надеваме да ги почнеме пристапните преговори следната година, година и пол. Тука сум да ги убедам нив, дека, исто така, е во интерес и на Европа да го направи тоа – изјави Димитров.