Пронајдено мртво момче во стан во Аеродром

by Fokus

Дваесет и тригодишно момче било пронајдено мртво во стан во населбата Аеродром, каде што претходно избувнал пожар, информираа од МВР.

Според полицијата, утрово околу 03 часот, во стан на булевар „Јане Сандански“ во Скопје, од засега непознати причини избувнал пожар.

При интервенција на екипа од Бригадата за противпожарна заштита, во станот бил пронајден починат Н.Н. (23).

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, по што ќе бидат познати причините за смртта.

Поврзани новости