(ВИДЕО) Како синоќа изгледаше затемнетиот Карпош

by Фокус

Карпош и синоќа беше во мрак после 1 часот по полноќ, откако локалната самоупрана на чело со градоначалникот Стевчо Јакимовски одлучи да ги гаси уличните светилки како мерка на штедење.

И покрај реакциите на граѓаните дека на тој начин им се нарушува безбедноста, Јакимовски остана на ставот, истакнувајќи дека во спротивно сметките за улично осветлување од 150 ќе треба да пораснат на 500 денари.

Како изгледаше синоќа делот на Карпош во близина на мостот Обединети нации после полноќ може да видите на следното видео што жител на Карпош го испрати до редакцијата на Фокус.

Поврзани новости