Референдумот за независност на Каталонија помина во жесток судир меѓу полицијата и гласачите, за што сведочат бројните видео-снимки објавени на социјалните мрежи, според кои, полицијата удира луѓе со пендреци, влече гласачи од избирачките места за коса, пука со гумени куршуми кон граѓаните.
Шпанската полиција и цивилната гарда интервенираа откако автономната каталонска полиција не го спречи гласањето во утринските часови, при што употребија гумени куршуми и палки.
Каталонското министерство за здравство објави дека само во Барселона има 335 повредени, додека портпаролот на локалната влада, Жорди Турул, изјави дека полицијата со употреба на сила затворила 319 избирачки места.
Cumpliendo la orden judicial, la @guardiacivil se ha encontrado con acoso y agresiones, como esta en Sant Joan de Vilatorrada#EstamosporTI pic.twitter.com/dAqtiKtCy3
— Ministerio Interior (@interiorgob) October 1, 2017
Шпанскиот премиер Маријано Рахој соопшти дека мнозинството на граѓаните не го поддржале референдумот за независност на Каталонија, што беше проследено со бес и исмевање во Каталонија.