Најисточните земји во светот веќе го прославија влезот во 2022 година. Некаде имаше огномет, но во повеќе земји прославите се откажани поради антиковид мерките. Граѓаните на Северна Кореја ја дочекаа Новата година на отворено.
Кинескиот претседател Си Џинпинг, пак, во своето новогодишно обраќање им порача на граѓаните дека треба да го задржат „стратешкиот фокус“ и да се грижат за „потенцијалните ризици“ за долгорочната визија на Комунистичката партија да ја претвори Кина во глобална сила.
Австралија во Новата година влезе со огномет над пристаништето во Сиднеј. Минатата година немаше публика поради коронавирусот, но оваа година десетици илјади луѓе се собраа на брегот, откако Австралија се откажа од политиката на строги мерки и почна да „живее со Ковид“.
Нов Зеланд, Самоа и Кирибати се островски држави источно од Австралија, кои беа првите што го прославија влегувањето во 2022 година.