Ахмети бара меѓународната заедница да се фокусира на случувањата во Македонија и региoнот

by fokus 11:50
11:50

Али Ахмети, лидерот на ДУИ изрази загриженост за можноста на поттикнување на немири во земјата за геополитички интереси и побара од меѓународната заедница своето внимание да го фокусира кон случувањата во земјата и регионот, информира партијата по синоќешната средба со специјалниот претставник на претседавачот на ОБСЕ, Кристијан Штрохал и амбасадорката на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен.

„Ахмети ѝ се заблагодари на мисијата на ОБСЕ во земјата за постојаниот контакт со пратениците во текот на вечерта на 27 април. И нагласи дека новата реформска влада ќе се формира наскоро, а новоименуваниот претседател на Собранието го врши својот дел од обврските за да се олесни и забрза овој процес“, соопшти ДУИ.

- Advertisements -

Ахмети, исто така зборувал за приоритетите на новата влада како што се реформите во судството, евроатланската интеграција, Охридскиот Договор, добрите меѓуетнички и соседски односи, како и отворањето нови работни места.

 

Поврзани новости