Денвер Нагетс ја прослави титулата НБА шампион на градските улици каде настана хаос. За време на парадата, противпожарно возило го прегази полицаецот Џастин Доџ, кој итно беше префрлен во болница со повреди на левата нога. Доџ буквално беше заглавен под предното десно тркало, изјави сведок за „CBS colorado“.
Шефот на полицијата во Денвер, Рон Томас, објасни дека Доџ се обидувал да ги оддалечи луѓето кои се приближувале премногу, поради што возилото му ја напасувало ногата.
Си-Би-Ес јавува дека во противпожарното возило се возеле ѕвездите на Нагетс, Никола Јокиќ и Џамал Мареј, кое го повреди полицаецот додека вртело. Полицаецот се обидувал да ги смири навивачите и да направи простор за да помине возилото. Тие беа придружувани од сопствениците на клубот Стен и Џош Кроенке и ќерката на српскиот кошаркар.
По инцидентот, Јокиќ и Мареј беа однесени од толпата од специјалната полиција, односно S.W.A.T, во чие блиндирано возило се возеле кошаркарските ѕвезди носејќи го трофејот.
Најавена е истрага, а хирурзите од Денвер прават се за да ја спасат ногата на искусниот американски полицаец.
За време на парадата на улиците на Денвер дошло до пукање во кое две лица се повредени. Си-Би-Ес известува дека лице со темна кожа пукало од огнено оружје. Се верува дека нападот бил цел и не е поврзан со прославата на Нагетс.
A fire truck carrying Denver Nuggets players on its rooftop ran over a police sergeant near the end of the Nuggets’ NBA Finals victory parade. The sergeant had positioned himself in front of the fire truck, attempting to protect fans who had spilled onto the street pic.twitter.com/SEcZ5i4205
— Reuters (@Reuters) June 16, 2023