707
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, извршил консултација со експерти од областа при што биле констатирани недостатоци при изведбата на плафонот во градинката „Мајски цвет“, чиј плафон се урна за време на изминатиот викенд.
Ова го информираа од Општина Карпош, a Јакимовски преку видео-обраќање на социјалните мрежи истакна дека ќе побара вештачење и дополнителни експертски мислења.
Исто така, тој стравува од можно уривање на цел таван на градинката, која е направена пред три години.