667
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, се обрати со пцовки кон новинарите кои побараа од него изјава денеска додека беше спроведуван од полициски службеници до истражен судија во Кривичниот суд во Скопје.
Јакимовски им порача на новинарите „Одете во пи*** мат**“. Потоа одби да им се извини велејќи дека биле некоректни во своето известување.
Финансова полиција денеска поднесе кривична пријава против него и против четврица негови поранешни соработници, за злоупотреба на службената положба, а Обвинителството побара мерки на претпазливост и одземање на патната исправа.
Видео: Макфакс