Израелски функционер изјави за „Вашингтон пост“ дека нападот со беспилотно летало на иранска воена локација рано утринава имал цел да испрати порака до Техеран дека Тел Авив може да нападне внатре во Иран.
Израелските беспилотни летала наводно ја нападнале воената база во Исфахан во централниот дел на Иран, од каде пред неколку дена беше извршен масовен напад врз Израел.
Iran International has obtained videos in which shots and sirens are heard, amid reports of an Israeli strike in Iran and the activation of air defenses in Isfahan.pic.twitter.com/BwVfukeWfP
— Iran International English (@IranIntl_En) April 19, 2024
На социјалните мрежи се појави ново видео од нападот.
Ирански информативен канал со седиште во Лондон објави снимка на која наводно се гледа напад на израелско беспилотно летало врз воена база во близина на Исфахан. Видеото покажува експлозии проследени со сирени за воздушен напад.
Во моментов не е можно да се потврди автентичноста на видеото.
Иранската војска објави дека биле соборени неколку беспилотни летала и тврди дека нема штета на воената база.