(ВИДЕО) Исфрлен е фоторепортер на Ролан Гарос

by Fokus

На тенискиот меч меѓу Карлос Алкарас и Денис Шаповалов, кој заврши со победа за Шпанецот се случи скандал откако обезбедувањето на турнирот исфрли фоторепортер од теренот.

Видео снимката ја прикажа Eurosport Polska, а на неа се гледа како обезбедувањето го влече фоторепортерот кој им се спротивстава.

Засега не се објавени детали за причината за отстранувањето на фоторепортерот од теренот.

Инаку, Алкарас во осминафиналето ќе игра против Италијанецот Роберто Музети кој беше подобар од Британецот Камерон Нори.

Поврзани новости