Фрлена е бомба пред ресторан во Белград, оштетени се три автомобили

by Fokus

Непознато лице фрлило бомба од автомобил на улицата Нина Кирсанова во населбата Звездара во Белград, во близина на ресторанот „Вртешка“.

Како што јавуваат српските медиуми, нема повредени, а оштетени се три паркирани автомобили.

Не е познато дали ресторанот бил мета со оглед на тоа дека бомбата не била фрлена во ресторанот, туку на улицата.

Истрагата е во тек.

Сопствениците на возилото, како што пишува Телеграф.рс., седеле заедно во ресторан кога ја слушнале детонацијата. Тие излегле и виделе дека нивните автомобили се оштетени, а тој што ја фрлил бомбата побегнал од местото.

Поврзани новости