544
Денес црногорската полиција во Никшиќ употреби солзавец за да спречи поголем инцидент меѓу две групи граѓани, кои се собраа да го прослават 13-ти јули, Денот на државноста на Црна Гора.
Во еден момент во центарот на градот дошло до судир меѓу полицијата и граѓани.
Граѓаните започнале судир со полицијата, почнале да фрлаат шишиња, по што полицијата употребила солзавец и бибер спреј, јави репортерот на „Вијести“.
Во Никшиќ денеска се одржаа два собири по повод Денот на државноста.
Едниот го организираше Форумот на слободни граѓани „Луча“ на градскиот плоштад, а другиот го организираше група граѓани со тробојки, организиран на плоштадот Шак Петровиќ.