1.2K
Во скопската сала „Јане Сандански“ попладнево се случи голем инцидент на вечното ракометно дерби меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, меѓу навивачките групи.
Штом „Чкембари“ влегоа во салата, почна инцидентот. Почнаа да фрлаат со столчиња и запалија факели. Додека групата од Битола не беше комплетирана, дојде до инцидент и близок судир со службите на полицијата.
Неколку од фановите на „Комити“ тргнаа да се пресметаат со ривалите, меѓутоа за среќа беше избегнат поголем инцидент.
Видео – gol.mk