ВИДЕО: Инцидент во Брисел – момче намерно турна жена на шините

by fokus

Момче намерно турна жена на шините во метро во Брисел во момент кога возот влегол во станицата, покажуваат снимки од надзорна камера во метрото.

За среќа, машиновозачот бил присебен и во последен момент успеал да го запре возот, додека жената се уште лежела на шините.

Останатите патници и помогнале на жената, а младиот човек избегал, но набрзо бил фатен. Станува збор за 23-годишен Французин, но мотивот за овој инцидент засега не е познат.

Поврзани новости