645
Младинската организација People to People International Skopje во рамки на проектот „Здружени за слободно изразување“ го направи и третото интервју, овојпат со Теано Кардула и Ана Марија Милојевиќ од Средношколскиот пленум.
Движење инспирирано од Студентскиот пленум, а составено од средношколци од средни училишта од цела Македонија. Со овој тип на младинско здружување, овие млади луѓе успеаја да дојдат и до преговори со Министерството за образование и наука.
За хоризонталната структура, но и за проблемите со кои се соочува во моментов Средношколскиот пленум поради политичката криза, слушнете од Теано и Ана Марија.