Почнува постапката за разрешување на Иванов

by fokus

Почнува постапката во Собранието за барањето за разрешување на претседателот Ѓорге Иванов. што ја иницираше опозицијата.

Утре ќе се формира  составот на Комисијата која што ќе го надгледува барањето за импичмент на претседателот. Потоа, во рок од седум дена таа треба да достави извештај до Собрание, по што пратениците треба да одлучат дали ќе ја отворат постапката.

Комисијата ќе брои 11 члена, од кои еден е претседател. Од ВМРО- ДПМНЕ брифираат дека ќе бараат мнозинството да биде од нивното членство, вклучувајќи го и претседателот.

Од СДСМ, пак, велат дека, ако ВМРО ДПМНЕ се искрени во намерите, треба ним да им го препуштат мнозинството во оваа комисија и да го поддржат импичментот на Иванов.

Инаку, на иницијативата за разрешување на Иванов, засега се потпишани 52 –ца пратеници, односно пратениците од СДСМ  и коалиционите партнери, 16 пратеници од ДУИ, независните пратеници, како и Лиле Поповска  и Павле Трајанов.

Според процедурите и доколку се соберат 82 гласа – потоа постапката оди во Уставен суд, и уставните судии со 2/3 мнознитво го имаат последниот збор дали претседателот да бидер разрешен.

Поврзани новости