Младинската организација People to People International Skopje во рамки на проектот „Здружени за слободно изразување“ направи интервју со претставници на Драмско креативниот центар „С’клет“. Центарот функционира во рамки на СУГС „Георги Димитров“. Во него членуваат средношколци и студенти коишто своето време го вложуваат за артикулирање на нивниот младински глас за теми коишто ги засегнуваат младите. Покрај тоа, „С’клет“ во соработка со организацијата People to People International Skopje има поставено две хуманитарни театарски претстави каде што беа собрани приближно 1500 долари и беа донарини на социјално загрозени семејства од две институции: СОС Детското Село и Центарот за развој на Ромската заедница „Сумнал“.
Во интервјуто, основачката на „С’клет“, проферсорката по македонски јазик и литература, Марина Лотеска, зборува за тоа како дошло до формирање на оваа група. Зборува и за тоа која е целта на претставите, во кои главно се обработуваат теми поврзани со проблемите и предизвиците со кој се соочуваат младите.
Своето искуство во ДКЦ „С’клет“ го споделуваат и сега веќе студентките, но се уште дел од оваа театарска група, Сара Локвенец и Сања Николовска. За тоа како изгледа една проба, за проблемите со кои се соочуваат младите и за пораките кои ги испраќаат претставите на „С’клет“ погледнете во интервјуто.
Во рамки на акцијата „Здружени за слободно изразување“ се прикажуваат позитивни примери на граѓанско здружување. Оваа акција се спроведува во рамки на проектот „Застапување за слобода на изразување“ на НВО Инфоцентарот и ЦРМ, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.