(ВИДЕО) Инспектор Османи во нова мисија, овојпат мораше да паркира прописно

by fokus

Вицепремиерот Бујар Османи денеска објави ново видео во кое врши проверка како се инвестираат парите од ИПА-фондовите.

Тој беше во посета на инвестициите на потегот кон граничниот премин Ќафасан во околината на Струга а попатно му се јави на Ирфан Бучи, заменик-директорот на Царинската управа, и на министерот за економија, Крешник Бектеши, а откако минатиот месец доби казна од полицијата за зборување на мобилен телефон во автомобил, овој пат беше саркастичен дека министерот за внатрешни работи (Оливер Спасовски) е многу строг и дека ќе мора да се паркира прописно.

 

Поврзани новости