974
Вечерашната прослава за Илинден во Крушево помина во знакот на македонската поп икона, Тоше Проески.
Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Виктор Апостоловски и Наде Талеска, покрај свои песни, пред присутните граѓани се претставија и со песни од македонската музичка легенда Тоше Проески.
Се пееја неговите песни од текот на целата кариера, а публиката уживаше на месноста ,,Гумење”. Присутни на забавата беа и голем дел од членовите на владеачката СДСМ.
Јорданчо Цветаноски