(ВИДЕО) Хаварија во Хамбург, истекува отровен гас по пожар на камиони

by Fokus

Голем пожар изби утринава околу 4.30 часот на стојалиште за камиони во Хамбург, што предизвика истекување на сулфурводород, кој е отворен, корозивен и запаллив гас. Властите предупредуваат дека големи облаци дим патуваат во правец кон градот.

Германските медиуми известуваат дека се уште се слушаат детонации, а пожарникарите можат да му пристапат на пожарот само со маски.

До локалното население е испратено соопштение граѓаните да ги затворат прозорите и вратите за се заштитат од гасовите и хемиските реакции во воздухот.

Поврзани новости