(ВИДЕО) Хаос во продавниците во Турција: Гладни сме!

by Fokus

Турската провинција Хатај е една од најтешко погодените области по земјотресот кој се случи во понеделникот од кој настрада и Сирија.

Во Хатај владее тотален очај и безнадежност, а за тоа покажуваат видеата објавени на социјалните мрежи.

Толпи луѓе се слеваат во продавниците кои беа напуштени по земјотресот, а некои се отворени од властите за да можат луѓето да ги добијат најосновните артикли.

„Гладни сме“, велат луѓето кои ги преживуваат најтешките мигови во својот живот, а помош е најавена да пристигне од многу европски земји.

Поврзани новости