Неколку лица се уапсени по судирите меѓу француските фармери и обезбедувањето на Меѓународниот земјоделски саем во Париз.
Инцидентот се случил кога активисти на синдикатот на земјоделците ја пробиле капијата и влегле во оградената област додека францускиот претседател Емануел Макрон разговарал со претставници на синдикатот во близина, објавија француските медиуми.
Земјоделците извикуваа и свиркаа внатре во саемот, барајќи од Макрон да поднесе оставка.
🇫🇷 FRANCE FARMERS UPDATE – Paris Agriculture Show:
Reports that Police officers were filmed locking farmers in wooden sheds at the Agricultural Show, after they had attempted to get Macron. pic.twitter.com/7vtovtIT0j
— AntiCensorship (@truthscant) February 24, 2024
Макрон се состана со претставници на синдикатот на фармите и требаше да одржи дебата со фармерите, преработувачите на храна и претставниците на трговскиот синџир на саемот, но таа беше откажана откако синдикатите на фармите рекоа дека нема да се појават.
Шефот на Националната федерација на синдикати на фармери FNSEA, Арнауд Русо, рече дека Макрон прво треба да им се обрати на земјоделците за нивните барања за владина помош, што доведе до протести.
Земјоделците во Франција, најголемиот земјоделски производител во ЕУ, како причини за нивните протести ги наведуваат ниските откупни цени, регулативите на ЕУ за заштита на животната средина и нелојалната конкуренција создадена со увоз на евтини производи од земји надвор од ЕУ.