ВИДЕО Хаос пред српското Собрание, нападнати пратеници

by Fokus

Лидерот на ДВЕРИ, Бошко Обрадовиќ направил скандал кога со своите симпатизери ги нападнал пратениците пред српското Собрание, откако го блокирал влезот на парламентот.

Како што пренесуваат локалните медиуми, претседателот на НСС, Маријан Ристиќевиќ, при влегување во Собранието вербално бил нападнат од Обрадовиќ, по што дошло до хаос, меѓусебни навреди и туркање.

На социјалните мрежи се појави и ново видео од нередот.

Да потсетиме, лидерот на ДВЕРИ и неколку пратеници и симпатизери ги блокирале денеска скалите на влезот на Парламентот на Србија, а во еден момент дошло и до туркање на Обрадовиќ и министерот за здравство Златибор Лончар, кои доаѓале на седница.

Поврзани новости