(ВИДЕО) Груевски „уловен“ во ресторан во Унгарија, избега од унгарските новинари

by fokus

Унгарските медиуми будно го следат секое движење на екс-премиерот во бегство, Никола Груевски, а тој денеска беше уловен од камерата на унгарскиот портал „24.ху“.

Тој беше забележан во ресторан во Будимпешта во друштво на уште еден човек, а кога новинарите му пријдоа и го прашаа како избегал од Македонија, тој избега со автомобил со затемнети прозорци.

Во текот на вчерашниот ден, излезе првата фотографија од Груевски во Будимпешта како слободно се шета низ унгарската метропола.

Поврзани новости