466
Премиерот Никола Груевски беше присутен на одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик, организирано од турската заедница во Македонија. Одбележувањето се одржа во салата „Борис Трајковски“, а Груевски им се обрати на присутните.
Сајтот „Бриф“ објави видео на кое се гледа дека додека Груевски оди кон говорницата, голем дел од публиката го исвиркува, а тоа продолжува и на почетокот на неговиот говор.