Тодоров останува министер

by Фокус

Пратениците половина час пред полноќ гласаа по поднесената интерпелација за министерот за здравство, Никола Тодоров. 56 пратеници беа против оставка на Тодоров, а 29 пратеници беа за, со што министерот останува на својата функција.

Во текот на 11-часовната расправа со Собранието, пратениците од опозицијата жестоко ја критикуваа работата на Тодоров и потсетија на малата Тамара и починатите родилки. Тодоров пак, се фалеше со проектите кои биле реализирани во здравството, како набавување на медицинска опрема и реконструкција и изградба на болници.

 

Поврзани новости