451
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчеравечер беше забележан во Градскиот парк на прошетка со децата и сопругата Боркица. Екипа на ТВ21 го „улови” Груевски на безгрижната прошетка.
Истовремено, на социјалните мрежи активисти пишуваат дека го „избркале” Груевски од паркот пеејќи му „Шутка не ти бега Никола”. Наводно, неговото обезбедување ги одалечило од семејството Груевски со образложение дека децата се со него и не е во ред тоа да го слушаат.